Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, во јужните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 22 до 29 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната температура до 27 степени.

XS
SM
MD
LG