Достапни линкови

Трамп ќе го номинира Кристофер Врај за директор на ФБИ


Архивска фотографија-претседателот на САД Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Твитер објави дека ќе го номинира Кристофер Врај,поранешен помошник државен обвинител, за нов директор на Федералното истражно биро (ФБИ).

"Ќе го номинирам Кристофер Врај, човек со беспрекорни квалификации, да биде нов директор на ФБИ“, напиша денеска Трамп.

Врај беше помошник на државниот обвинител од 2003 до 2005 година додека претседател беше Џорџ Буш. Американскиот сенат мора да го потврди изборот на Трамп, кој ќе го наследи поранешниот директор Џејмс Коми, кого претседателот го отпушти од работа минатиот месец додека се водеше истрага за можното руско мешање во американските претседателски избори.

Објавата на Трамп доаѓа ден пред закажаното сведочење на Коми пред комисијата во сенатот за наводните мешања и можните врски со кампањата на претседателот. Врај во моментов работи за адвокатската фирма Кинг и Спалдинг. Многу американски сенатори сметаат дека Трамп треба да избере професионален кадар за позицијата.


XS
SM
MD
LG