Достапни линкови

Церемонија во Брисел за приемот на Црна Гора во НАТО


Белгија- прес конференција на претседателот на Црна Гора и генералниот секретар на НАТО, 07.06.2017

НАТО ја пречека Црна Гора како нејзина најнова земја членка со церемонија на подигнување на знамето пред седиштето на западната алијанса во Брисел.

"НАТО е алијанса на демократски земји, обединети со едноставна причина- да стојат една со друга и да се бранат една со друга" рече денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг нарекувајќи го денот историски.

Столтенберг, кој му честита на црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и на граѓаните за се што постигнале, рече и дека Црна Гора се придружува на НАТО како еднаква, со ист глас во создавањето на иднината на алијансата.

„Приемот на Црна Гора праќа до другите земји кои бараат членство дека ако одат по патот на реформите,демократијата, владеењето на правото, покажат дека се спремни да соработуваат во заедничката одбрана, делејќи ги одговорностите како и наградите, тогаш може да се придружат во алијансата“ рече Столтенберг.

Црна Гора стана 29 земја членка на НАТО на церемонијата во Вашингтон на петти јуни.


XS
SM
MD
LG