Достапни линкови

Заев на средба со Тимоние, Жбогар во министерството за финансии


Илустрација-седницата на владата предводена од премиерот Зоран Заев

Приоритетите на новата Влада и отворањето на перспективите на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО, биле во фокусот на разговорите на денешната средба на премиерот Зоран Заев со францускиот амбасадор во Македонија Кристиан Тимоние.

„Подготвени сме за брзо, квалитетно и ефикасно спроведување на клучните реформи што ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани, а ќе ги осигураат и евро-атлантските интеграции на Македонија“, рекол премиерот Заев, соопшти владината служба за информирање.

На средбата, се наведува во сопштението, била поздравена поставеноста на премиерот кон инклузивни политики и транспарентност, како европски демократски вредности.

Идните приоритети и реформи кои треба да ги спроведе Република Македонија во насока на евроинтегративните процеси и подобрување на координацијата, за поголемо искористување на европските (ИПА) фондови во земјава биле теми на денешната средба на економскиот тим на Министерството за финансии со делегација на Европска комисија предводена од амбасадорот на Европската Унија во Македонија Самјуел Жбогар.

Од Министерството за финансии информираат дека од страна на претставниците на ЕК е изразена поддршка за реформските приоритети на Владата во насока на интеграција на земјава во ЕУ.


XS
SM
MD
LG