Достапни линкови

Во нападот во Кабул загинале 150 луѓе


Авганистан-претседателот Ашраф Гани зборува на мировната конференција во Кабул,06.07.2017

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани рече дека повеќе од 150 луѓе умреле во нападот со камион бомба што се случи на 31 мај во Кабул. На меѓународната мировна конференција која се одржува во главниот град на Авганистан, Гани додаде и дека повеќе од 300 луѓе биле повредени во нападот. Претходно властите соопштија дека загинале 90 луѓе што се сметаше за напад со најмногу жртви во Кабул по 2001 година. Инцидентот се случи во дипломатскиот кварт, а претседателот оддаде почит за 13 полицајци кои го запреле возилото на влезот во областа и загинале во експлозијата.

XS
SM
MD
LG