Достапни линкови

Заев - Поминати се сите линии на ликвидност во Буџетот


Архива - Премиерот Зоран Заев на седница на Владата на Република Македонија.

Јвниот долг го поминал прагот од 50 проценти од БДП, поминати се сите линии на ликвидност во државниот Буџет, каде нема 130 милиони туку шест милиони евра и има се уште неевидентирани доспеани долгови кон државата за кои ќе треба период да се соберат информации, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за МТВ каде одговараше на прашања на новинари и уредници.

Тој исто така истакна дека е можно Македонија многу брзо да стане членка на НАТО под привремената референца, а паралелно да продолжат разоворите за името со Грција, но најави и оти следниот понеделник на 12 јуни заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе ја реализира својата прва официјална посета како премиер на Република Македонија на седиштето на Европската унија во Брисел, каде ќе разговара со еврокомесарот Јоханес Хан за реформските приоритети на Владата и спроведувањето на извештајот на Прибе, како и за извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија.

Заев очекува да се сретне и со претседателот на Европската Комисија Жан-Колод Јункер, со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини.

XS
SM
MD
LG