Достапни линкови

Должници на хипотекрани кредити во Русија најавија штрајк со глад


Архива - демонстранти во Русија држат транспаренти во Рајфајзен банка во Москва. 25.02.2016

Осум Руси најавија штрајк со глад во московска филијала на австриската Рајфајзен банка. Јулија Јермакова – кординатор на движење на носители на хипотеки денеска изјави дека осум луѓе кои позајмиле од банката бараат нивните долгови да бидат конвертирани во рубљи и да бидат поништени сите казни за задоцнето плаќање. Претставници на банката бараат демонстрантите да ја напуштат зградата. Многу Руси со позајмици деноминирани во странски валути се соочуваат со сериозни тешкотии, откако рубљата изгуби многу од својата вредност во текот на минатите три години. Во март 2017 годинна премиерот Дмиртиј Медведев изјави дека луѓето кои позајмуваат во странски валути треба да бидат свесни за вклучените ризици.

XS
SM
MD
LG