Достапни линкови

Полицијата во Париз застрела и повреди напаѓач


Архива - Илустративна фотографија од франсцускта полиција.

Француски полицаец денеска застрелал и повредил човек кој го нападнал со чекан, надвор од катедралата Нотр-Дам во Париз, велат властите. Полицијата по инцидентот ја опколи областа пред катедралата. Француска телевизија известува дека туристи во паника бегале за да се заштитат. Голем број на полициски автомобили се присутни во областа во центарот на Париз. Франција се наоѓа во вонредна состојба, откако во напад на исламистички екстремисти во Париз во 2015 година загинаа 130 луѓе.

XS
SM
MD
LG