Достапни линкови

Амбасадорите на ЕУ согласни за продолжување на санкциите на Крим


Илустративна фотографија.

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија одлучија за една година да ја продолжат забраната за инвестирање на Полуостровот Крим, казнувајќи ја Русија за нејзиното вооружено преземање на украинскиот регион. Мерките вклучуваат забрана на ЕУ за увоз од Крим, доколку не поседуваат украински сертификати, забрана за купување од компании од ЕУ, забрана за бродови кои пловат под знамето на ЕУ или контролирани од една земја членка на Унијата на тамошните пристаништа, стоки и технологии за транспорт, телекомуникации и енергетскиот сектор не можат да се извезуваат за кримски компании и да се употребуваат на Крим.

Санкциите беа донесени во 2014 година, како одговор на руската инвазија и анексија на Крим и тие беа проширувани на годишна основа. Министрите за надворешни работи на ЕУ најверојатно ќе ја потврдат одлуката на амбасадорите на средбата во Луксембург на 19 јуни.

XS
SM
MD
LG