Достапни линкови

Претставник на ОН повика да се стави крај на израелската окупација


Илустративна фотографија - лого на ОН.

Висок комесар за човекови права на Обединетите Нации (ОН) повика да се стави крај на израелската окупација на палестинската територија, велејќи дека потегот ќе биде од суштинско значење за мирот.

Зеид Раад ал-Хусеин денеска ги даде коментарите во говор на отворањето на тринеделната сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева. Хусеин рече дека луѓето од Палестина одбележале „половина век на длабоко страдање под окупација наметната со воена сила.“ Тој додаде дека Израелците исто така заслужуваат слобода од насилство, велејќи „одржувањето на окупацијата за двете страни ќе значи само продолжување на огромна болка.“

XS
SM
MD
LG