Достапни линкови

Заев му честиташе на Марковиќ за приемот на Црна Гора во НАТО


Архива - Премиерот Зоран Заев во Владата на Република Македонија.

Премиерот Зоран Заев му честитеше на неговиот колега од Црна Гора Душко Марковиќ за приемот на земјата во НАТО. Заев истакнал дека сигналот на отворени влати на НАТО е силна мотивација на новата Влада на Република Македонија да продолжи да работи според демократските вредности и владеењето на правото и вложувајќи во потребната модернизација на Армијата според стандардите на НАТО, во најкус можен рок да ја обезбеди атлантската иднина на Република Македонија.

„НАТО е пред се сојуз на демократии и граѓаните на Македонија, како и граѓаните на Црна Гора и на целиот регион, имаат потреба да бидат дел од цивилизираниот свет што носи стабилност и безбедност како во нашите држави, така и во светот, се вели во честитката од премиерот Заев.

XS
SM
MD
LG