Достапни линкови

Британската полиција го именуваше третиот напаѓач


Јусеф Загба – 22-годишен Италијанец со мароканско потекло е третиот кој беше застрелан од британската полиција.

Британските власти го именуваа третиот напаѓач од минатонеделниот терористички напад во Лондон, како Јусеф Загба – 22-годишен Италијанец со мароканско потекло. Полицијата соопшти дека Загба бил од источен Лондон и оти не бил „предмет на интерес“ на полицијата или домашната разузнавачка агенција „МИ5.“

Двајцата други осомничени се родени во Пакистан, 27-годишниот Курам Бат и 30-годишниот Рашид Радуан и двајцата од источен Лондон. Тројцата осомничени влетаа со комбе во пешаци и избодеа луѓе во близина на маркет, пред да бидат застрелани од полицијата. Седум луѓе беа убиени и 48 повредени во нападот. 36 луѓе се уште се во болница, од кои 18 се во критична состојба, соопштија властите.

XS
SM
MD
LG