Достапни линкови

Тилерсон - Трамп бара повторно ангажирање со Русија


Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон зборува на прес-конференција во Нов Зеланд 06.06.2017

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека претседателот Доналд Трамп му рекол „да започне процес на повторно ре-ангажирање“ со цел да се обноват односите со Москва и да не се дозволат превирања во Вашингтон за можните руски врски со внатрешниот круг на Трамп. Тилерсон денеска во Нов Зеланд ги даде коментарите, во услови на истраги од страна на ФБИ и Конгресот во врска со наводната вмешаност на Русија во изборите во САД минатата година.

Трамп „беше многу јасен дека Русија е важен глобален играч, а денеска нашите односи со Русија се на многу ниско ниво и тие се влошуваат“, рече Тилерсон.

„Претседателот од мене побара да започнам процес на повторно ангажирање со Русија да се види дали може прво да се стабилизираат тие односи, да не се вложуваат дополнително и тогаш можеме да ги идентификуваме областите на заеднички интерес каде можеби можеме да почнеме да обновуваме некое ниво на доверба и некое ниво на доверба“, рече Тилерсон додавајќи дека процесот од денеска е почнат.

XS
SM
MD
LG