Достапни линкови

Русија, Белорусија и Србија одржуваат воени вежби


Архива - Руски војник полетува дрон за време на заедничките воени вежби меѓу Србија и Русија во близина на Белград. 07.11.2016

Русија, Србија и Белорусија одржуваат заеднички воени вежби во близина на белоруската граница со земјата членка на НАТО Полска. На денешната церемонија на отворањето, рускиот полковник Алексеј Згибњев рече дека словенското братство на вежбите во 2017 година покажува дека „трите земји постигнале поблиска соработка и оти се подготвуваат заедно да се борат против најголемото зло на нашето време – меѓународниот тероризам.“

Повеќе од 300 руски, 400 белоруски и 50 српски војниици учествуваат во маневрите кои треба да завршат на 14 јуни. Руски воени транспортни авиони и белоруски воени авиони учестуваат во вежбите во близина на Полска која е членка на НАТО и Европската унија. Вежбите почнаа еден ден откако Црна Гора стана 29-та членка на западната воена алијанса. Ова се трети воени вежби на словенскто братство кои ги одржуваат трите земји.

XS
SM
MD
LG