Достапни линкови

Убиени пет лица во Орландо


Припадници на американските безбедносни сили на местот на настанот во Орландо.

Американските власти соопштија дека пет лица биле убиени на нивното работно место во близина на Орландо, Флорида. Шерифот на окружната полиција, Џери Демингс изјави дека напаѓачот бил поранешен вработен во фирмата кој добил отказ во април.

Напаѓачот, како што истакна Демингс, се самоубил на местото на настанот. Според него, четири лица загинале за време на престрелката, а петтиот од нив починал во болница. Демингс посочи и дека напаѓачот немал поврзаност со териризам.

XS
SM
MD
LG