Достапни линкови

Заеднички воени вежби на Грузија, Турција и Азербејџан


Воени вежби во Азербејџан во септември, минатата година.

Грузија, Азербејџан и Турција од денеска започнаа со спроведување на заеднички воени вежби во близина на Тбилиси. Грузиското министерство за одбрана соопшти дека вежбите во воената база Вазиани ќе завршат на 14 јуни. Според министерството, силите од трите соседни земји ќе се координираат и ќе извршат специјални оперативни вежби, вклучително и воздушни вежби. Ова е трет пат земјите заедно да спроведуваат воени вежби. Домаќин на претходните вежби беше Турција.

XS
SM
MD
LG