Достапни линкови

Тачи очекува војската да биде формирана годинава


Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека неговата земја годинава ќе има своја војска. Тој порача и дека никој не може да го спречи тој процес.

„Вооружените сили на Косово ќе се формираат во текот на оваа година, во координиран процес со НАТО и другите меѓународни партнери. Ќе биде сила според стандардите на НАТО. Мултиетничка сила. Ќе биде вистинска армија на една независна и суверена држава“,изјави Тачи

Трансформацијата на безбедносните сили во армија на Косово треба да се случи со измени во Уставот, за што треба да се обезбеди двотретинско мнозинство од 120-члениот косовски парламент, како и гласовите на пратеничката група на српската етничка заедница.

XS
SM
MD
LG