Достапни линкови

Британската полиција со нови апсења за нападот во Лондон


Припадник на британската полиција.

Британската полиција соопшти денеска дека спровела нови рации и притворила неутврден број на лица во врска со истрагата за нападот во Лондон при кој загинаа седум луѓе. Шефот на лондонската полиција, Кресида Дик изјави дека безбедносните сили заплениле голема количина на форензички материјал по претресот на комбето кое влета во толпа на луѓе.

Тројца напаѓачи најпрвин со комбе згазиле неколку пешаци по што излегле од возилото и почнале со ножеви да напаѓаат луѓе пред да бидат убиени од полицијата. Според Дик, познат е идентитетот на напаѓачите, но нивното име не е соопштено. Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот.


XS
SM
MD
LG