Достапни линкови

Црна Гора од денеска и формално членка на НАТО


црногорскиот премиер Душко Марковиќ

Црна Гора денеска и формално ќе стане 29 членка на НАТО на церемонија во Вашингтон на која ќе присуствува генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг, како и црногорскиот премиер Душко Марковиќ. На церемонијата ќе му биде предаден на Вашингтон, кој е депозитар на основачкиот договор на Алијансата, пристапниот протокол што претходно го ратификуваа сите членки на НАТО. Официјалните односи на Црна Гора и НАТО почнаа кон крајот на 2006 година, со поканата на таа земја да пристапи кон програмата Партнерство за мир.

XS
SM
MD
LG