Достапни линкови

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Лондон


Истрага за нападот во кој тројца напаѓачи убиле седум луѓе, а неколку десетици раниле, Лондон, 04.06.2017.

Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот во Лондон во кој беа убиени седум луѓе, додека неколку десетици други беа ранети. Ова го јавија новинските агенции повикувајќи се на соопштението постирано на интернет страницата која е повразана со ИД. Во меѓувреме, британската полиција соопшти дека уапсила 12 луѓе во Баркиинг, источен Лондон, во врска со истрагата за нападот што се случи во саботата. Тројца напаѓачи најпрвин со комбе згазиле неколку пешаци по што излегле од комбето и почнале со ножеви да напаѓаат луѓе пред да бидат убиени од полицијата.

XS
SM
MD
LG