Достапни линкови

Ирачките шиитски милиции освоија град од Исламската држава


Мапа на градот Ал Бааџ

Ирачките шиитски милиции, кои се поддржани од Иран, соопштија дека ја презеле контролата врз област во близина на границата со Сирија од Исламската држава. Народните мобилизациски сили денеска соопштија дека градот Ал Бааџ е целосно ослободен со помош на ирачкото воздухопловство. Градот е важен зашто се наоѓа на линијата за снабдување на Исламската држава преку Сирија. Народните мобилизациски сили учествуваат и во ирачката акција за пораз на Исламската држава во Мосул и во околната провинција Ниневија, која е поддржана и од САД. Ирачките владини сили велат дека се блиску до целосно ослободување на Мосул, вториот по големина град во Ирак и последното значајно упориште на Исламската држава во земјата.

XS
SM
MD
LG