Достапни линкови

Русин убил девет луѓе во пијана расправија


Руските власти соопштија дека уапсиле маж осомничен за убиството на девет луѓе во пијана расправија во селото Редкино на 110 километри северозападно од Москва. Полицијата соопшти дека тие пиеле во една куќа во селото кога што се скарале. Осомничениот излегол и се вратил со ловечка пушка по што застрелал девет мажи и жени. Осомничениот, роден 1974, кој бил жител на Москва, имал „навика да пие“, информира полицијата.

XS
SM
MD
LG