Достапни линкови

Стотици навивачи на Јувентус повредени во стампедо во Торино


Навивач на Јувентус е повреден во стампедо кое настанало по експлозија на силна петарда додека на плоштадот Сан Карло во Торино го следел финалето на Лигата на шампиони во Кардиф во кое Јувентус изгуби од Реал Мадрид со 4-1

Стотици навивачи на Јувентус се повредени во стампедо, додека синоќа на плоштадот во Торино го следеа финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид што се играше во Кардиф. Нивниот тим загуби со 4-1. Паниката на плоштадот „Сан Карло“ настана кога се слушна силна експлозија по која неколкумина почнале да викаат бомба, а насобраните се разбегале на сите страни.

Според последните информации што ги објавија италијанските медиуми нема потешко повредени лица.

Се претпоставува дека детонацијата потекнува од силна петарда и дека не се работи за терористички акт.

XS
SM
MD
LG