Достапни линкови

Комбе прегазило пешаци во Лондон


Комбе прегазило неколку пешаци на Лондонскиот мост, неколку луѓе се избодени на блискиот Бороу маркет, велат очевидци. Лондонската полиција информира дека реагирала на најмалку еден „сериозен инцидент“.

Би Би Си објави дека полицијата трага по тројца, веројатно вооружени, осомничени. Полицијата засега не ги потврдила информациите дека има жртви, но неколку новински агенции, повикувајќи се на очевидци, објавија дека имало неколкумина повредени. Дел од очевидците велат дека чуле и истрели. Беа испратени неколку возила на Брза помош.

Во последниот период имаше неколку терористички напади во Велика Британија. Тројца луѓе загинаа, а најмалку 29 беа повредени на 22 март, кога автомобил прегази пешаци на мостот Вестминстер во близина на британскиот парламент. Бомбаш самоубиец, пак, уби 22 луѓе на концерт на Аријана Гранде во Манчестер на 22 мај.

XS
SM
MD
LG