Достапни линкови

Реал Мадрид ја одбрани титулата во Лигата на шампиони


Кристијано Роналдо го прославува својот втор гол,

Реал Мадрид ја одбрани титула во фудбалската Лига на шампиони и стана првиот тим кој успеал во тоа. Во вечерашното финале на стадионот „Милениум“ во Кардиф, „кралевите“ го совладаа Јувентус со 4:1 за вкупно 12. освоен трофеј во елитното натпреварување на УЕФА.

Двоен стрелец за мадриѓаните беше Португалецот Кристијано Роналдо во 20 и во 64 минута, Каземиро погоди во 61 минута, а печат стави Асенсио кој, само што влезе во игра, во 90 минута успеа да го совлада Буфон. Почесниот гол за црно-белите беше ремек дело на Марио Манџукиќ во 27 минута.

Јувентус го заврши финалето со фудбалер помалку по исклучувањето на Квадрадо во 84 минута.

XS
SM
MD
LG