Достапни линкови

Ариана Гранде ги посети повредените фанови во Манчестер


Архивска фотографија по нападот на концертот на 22 мај.

Американската поп пејачка Ариана Гранде ги посети младите фанови кои беа повредени за време на нејзиниот концерт во Манчестер, минатиот месец. Локалните медиуми објавија дека пејачката донела подароци и разговарала со фановите кои се здобија со повреди при терористичкиот напад за време на концертот на 22 мај. Тогаш бомбаш самоубиец се разнесе за време на концерот, убивајќи 22 луѓе, меѓу кои многу деца, а 116 беа повредени. За нападот полицијата приведе 11 луѓе.

Ариана Гранде и уште многу светски музички ѕвезди планирано е на 4 јуни да одржат концерт на стадионот Емирати Олд Траффорд. Парите од билетите одат за Фондот за итни случаи „Го сакаме Манчестер“ наменет за семејствата на загинатите и повредените во нападот. А бесплатни билети им се нудат на фановите кои присустуваа на концертот кога се случи нападот на 22 мај.

XS
SM
MD
LG