Достапни линкови

Матис - Северна Кореја е непосредна воена опасност.


Секретарот за одбрана на САД, Џим Матис.

Северна Кореја забрзано развива нуклеарно оружје што претставува закана за САД и за другите земји, па затоа на Северна Кореја гледаме како на јасна и присутна опасност, изјави секретарот за одбрана на САД, Џим Матис. Тој денеска говореше на меѓународна конференција за безбедност во Сингапур. Матис вели дека Севернa Кореја е непосредна воена опасност.

„Ние работиме дипломатски, економски, ние се обидуваме да ги искористиме сите можни алтернативи за да се избегне оваа трка за нуклеарно оружје. Сакаме ова да го спориме итно“, вели Матис.

Тој додава дека администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, е охрабрена од посветеноста на Кина да соработува со САД и со другите земји да влијаат на тоа Северна Кореја да се ослободи од своето нуклеарно оружје.

Советот за безбедност на ОН вчера усвои резолуција со која се воведуваат санкции против четири инистуции и 15 индивидуалци како одговор на одлуката на Северна Кореја да продолжи со нуклеарната програма. САД го предложи предлог текстот на резоуцијата, а тој беше усповен едногласно и Кина го подржа.

XS
SM
MD
LG