Достапни линкови

Балканските лидери на самит во Словенија


Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Зајакнувањето на меѓусебната доверба и посветеноста на стабилноста и европските вредности ќе бидат главни теми на средбата на претседателите на земјите од Југоистична Европа опфатени со процесот „Брдо-Бриони“, што ќе се одржи денеска во Словенија.

На самитот учествуваат претседателите на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Хрватска, Црна Гора, како и на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговин. Покрај претседателите на овие земји од Југоисточна Европа, се очекува на сребдата да присуствува и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

Процесот „Брдо-Бриони“ го иницираа Словенија и Хрватска со идеја за зајакнување на соработката меѓу државите од Западен Балкан.

На состанокот на министрите за надворешни работи што исто така се одржува денеска во Брдо кај Крањ ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Се очекува на состанокот на лидерите од Брдо - Бриони процесот да бидат опфатени клучните теми и аспекти во контекст на интеграцијата на регионот во Европската унија и да бидат разменети мислења и информации за актуелните состојби и предизвици во регионот на Југоисточна Европа.

XS
SM
MD
LG