Достапни линкови

Временска прогноза - нестабилно облачно со пороен дожд


Времето денеска ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Се очекува на места да наврнат над 35 л/м2 дожд. Во вечерните часови врнежите ќе престанат.

Дневната температура ќе се двиќжи од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

Во недела попладне на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен јужен ветер. Потоа во првите денови од наредната недела повторно во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, но ќе биде полокализирана и повеќе ќе биде застапена во планинските подрачја.

XS
SM
MD
LG