Достапни линкови

Таравари го осуди нападот врз Тодоров, го критикуваше претседателот Иванов


Архивска фотографија-Увид пред Министерството за здравство каде што беше нападнат Никола Тодоров.

Ќе се укине плаќањето по учинок, економските директори на клиниките ќе бидат шефови на администарција, прокетот „Мој термин“ ќе се подобри, а зависно од финансиските можности и законските прописи, пет до шест лекари од одредена клиника или болница ќе добиваат 10 до 20 отсто покачување и на тој начин ќе се мотивираат, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари по посетата на Клиничката болница во Тетово.

Таравари го осуди вчерашниот напад врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и рече дека причината за ваквиот немил настан, како и за сите други инциденти по болниците, ја гледа во огромниот јаз меѓу пациентите и лекарите кој особено, како што нагласи, се изостри последниве години.

Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот однос со претседателот Ѓорге Иванов, посочи дека токму шефот на државата има дел од вината за случувањата на 27 април.

„Да не бараше таква гаранција во февруари откако Груевски во јануари не успеа да состави влада, немаше да се случи 27 април. Со аболицијата и со сите други прекршувања на Уставот и законите што ги направи Иванов, не заслужува да се нарекува претседател и тој за нас е само граѓанин“, подвлече министерот.

Во врска со ВМРО ДПМНЕ истакна дека Алијансата на Албанците нема проблем со партијата, туку само со нејзиното раководство.

„Во последното време искажуваа шовинистички ставови и постапки така што како партијанема да имаме никакви контакти додека е ова раковоство во ВМРО-ДПМНЕ. Другите партии може да имаат контакти со нив, а доколу има промени, а сигурно ќе има во раководството на ВМРО ДПМНЕ, ние ќе седнеме со новото раководство и ќе разговараме како и со останатите политички субјекти во Македонија“, рече Таравари.

XS
SM
MD
LG