Достапни линкови

Иванов и Димитров заедно на состанокот на Брдо-Бриони процесот


Архивскја фотографија- претседателот Ѓорге Иванов ги прими министрите и премиерот Зоран Заев,01.06.2017

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и новиот министер за надворешни работи Никола Димитров утре ќе учествуваат на состанокот на лидерите од Брдо-Бриони Процесот, што ќе се одржи во Брдо кај Крањ, Република Словенија.

Како што информираат од кабинетот на претседателот, тој ќе се oбрати на пленарната сесија на состанокот, а ќе одржи и повеќе билатерални средби.

„Се очекува на состанокот на лидерите од Брдо - Бриони процесот да бидат опфатени клучните теми и аспекти во контекст на интеграцијата на регионот во Европската унија и да бидат разменети мислења и информации за актуелните состојби и предизвици во регионот на југоисточна Европа“ пишуваат од кабинетот на шефот на државата.

Во соопштението од министерството за надворешни работи, пак, се наведува дека делегацијата на Македонија на настанот ја предводи претседателот Иванов, а покрај претседателите и министрите на надворешни работи на државите учеснички во Процесот, на состанокот ќе учествуваат и останати високи претставници од ЕУ.

„Согласно најавите, овогодишен специјален гостин на состанокот ќе биде федералниот претседател на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер.На состанокот ќе се дискутираат теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ и европските перспективи на регионот. Министерот за надворешни работи Димитров ќе оствари повеќе билатерални средби за време на состанокот“ пишува во соопштението од МНР.

XS
SM
MD
LG