Достапни линкови

Путин побара од бизнисмените да работат на подобрување на односите меѓу САД и Русија


Русија-претседателот Владимир Путин зборува на Меѓународниот економски форум, 02.06.2017

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од американските бизнисмени да работат со администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп за да се подобрат односите меѓу двете земји. Во обраќањето на настанот наречен Бизнис дијалог Русија-САД, кој се одржува во рамки на годишниот меѓународен економски форум во Санкт Петербург, Путин побара од американските бизнис лидери да помогнат за обновување на, како што рече, нормалниот политички дијалог. Тој рече дека Москва работи на нормализирање на билатералните односи за кои оцени дека се на ниско ниво. Тој додаде дека тие ги поддржуваат заедничките проекти меѓу Русија и САД. САД од секогаш за нас се значаен бизнис партнер, нагласи Путин.

XS
SM
MD
LG