Достапни линкови

Двајца загинати на антивладините протести во Авганистан


Авганистан- демонстраните запалија оган за време на протестите, Кабул,02.06.2017

Властите во Авганистан соопштија дека најмалку две лица загинале во денешните судири меѓу полицијата и демонстрантите кои бараат оставка од владата на претседателот Ашраф Гани, два дена по нападот со камион бомба во Кабул. Авганистанските безбедносни сили пукаа во воздух, а полицијата исто така употреби водени топови за да ги растера демонстрантите и да ги спречи да се приближат до претседателската палата.

Според некои извештаи полицијата пукала кон демонстрантите кои се обиделе да се приближат до палатата. Мохамед Алам Изадијар, заменик претседавач на авганистанскиот сенат, за Радио Слободна Европа кажа дека неговиот син, Салем Изадијар, бил повреден на протестите по што починал во болница. Се уште не се знае како тој бил повреден.

Авганистанските медиуми цитираат полициски извори кои наведуваат дека има повредени демонстранти и полицајци. Дел демонстранти фрлале и камења кон полицијата. Протестите се одржуваат во близина на местото каде што на 31 мај се случи нападот во кој загинаа 90 луѓе, а 460 се повредени, повеќето од нив цивили.

XS
SM
MD
LG