Достапни линкови

Русија ја укина делумната забрана за увоз на храна од Турција


Архивска фотографија-рускиот премиер Дмитри Медведев

Русија ги укина рестрикциите за увоз на храна од Турција, што е последен чекор за подобрување на односите меѓу двете земји кои беа сериозно нарушени откако турски авиони урнаа руски воен авион во 2015 година.

Одлуката потпишана од премиерот Дмитри Медведев и објавена на владината интернет страница денеска, предвидува укинување на забраната за увоз на мисирки, кокошки, краставици, јаболки и други земјоделски производи од Турција.

На 31 мај претседателот Владимир Путин ја укина забраната за ангажирање на турски работници и фирми.Москва воспостави санкции за увоз на храна од Турција откако турски авиони соборија руски воен авион во ноември 2015 година во близина на границата со Сирија, каде што двете земји се на различни страни во граѓанската војна. Но Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган направија неколку чекори за подобрување на односите.

XS
SM
MD
LG