Достапни линкови

Меркел-одлуката на Трамп е разочарувачка


Германија-изјава на канцеларката Ангела Меркел по одлуката на претседателот на САД за повлекување од Договорот од Париз

Германската канцеларка Ангела Меркел одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Парискиот климатски договор како исклучително разочарувачка.

Во кратката денешна изјава таа наведува дека Германија ќе остане посветена на обврските од договорот од 2015 година нарекувајќи го камен темелник на меѓународните напори за борба против глобалното затоплување.

Ден откако Трамп ја објави својата одлука Меркел нагласува дека нема враќање назад од патот кој почна со протоколот од Кјото од 1997 година и продолжи со, како што го нарекува, историскиот договор од Париз од 2015 година.

Повлекувањето на САД од договорот не може и нема да не сопре сите нас кои се чувствуваат обврзани да ја заштитат планета, наведува Меркел и бара од светот да продолжат да работат заедно.

„На сите оние кои иднината на планетата им е важна им порачувам да продолжиме по патот “ наведува Меркел.

XS
SM
MD
LG