Достапни линкови

Берлин од новата Влада очекува да ги спроведе реформите


Архивска фотографија- премиерот Зоран Заев и членовите на новата влада веднаш по изборот на новиот владин кабинет

Германската влада очекува новата Влада да ги спроведе реформите коишто се очекуваат од Македонија, а Германија како партнер ќе помогне во тој процес, е пораката од Берлин до официјално Скопје по изборот на новата Влада.

"Го поздравуваме изборот на новата Влада во поранешната југословенска Република Македонија. Сега е време да се спроведат реформите. Германија е подготвена да помогне како партнер", се наведува во реакцијата за најновите настани во Македонија.

Кратката порака со која Берлин го поздрави формирањето и изборот на новата влада и најави партнерска помош е објавена на профилот на германското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа Твитер, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

XS
SM
MD
LG