Достапни линкови

Турција планира ѕид на границата со Ирак и Иран


Дел од ѕидот на границата на Турција со Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја планира да изгради ѕид на границата со Ирак и Иран, сличен на оној што се гради на границата со Сирија. Тој додаде дека Турција изградила скоро 650 километри од ѕидот на границата со Сирија која е долга над 900 километри. Турција ја почна изградбата на овој ѕид во 2014 година за да го спречи влегувањето на курдски борци, милитанти на Исламската држава и бегалци од Сирија.

XS
SM
MD
LG