Достапни линкови

Осуди на повлекувањето на САД од климатскиот договор


претседателот на САД Доналд Трамп ја соопштува одлуката за повелкување од Парискиот договор, Вашингтон, 01.06.2017.

Американските сојузници и ривали на сличен начин ја осудија одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече Соединетите држави од Парискиот договор за климата. Тие истовремено ја отфрлија понудата на Трамп за повторно преговарање во врска со овој договор. „Нема план Б, бидејќи не постои планета Б“ изјави францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање, наведувајќи дека Франција нема да преговора за помалку амбициозен договор. Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер пак оцени дека одлуката на Трамп била „сериозно погрошна“, додека Британија, Јапонија и Германија изразија разочраност што САД кои се втор најголем загадувач во светот со штетни гасови ја одбрале опцијата да се повлечат од Парискиот договор. Русија изразувајќи почит за одлуката на Трамп најави дека нема да се повлече од договорот, а Кина оцени дека станува збор за „глобално уназадување“.

XS
SM
MD
LG