Достапни линкови

Трамп објави дека САД се повлекуваат од Парискиот климатски договор


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор од 2015, велејќи дека договорот е штетен за американската економија и оти ќе побара нов договор.

„Со цел да ја исполнам мојата света должност да ја заштитам Америка и нејзините граѓани, САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор, но ќе почнат преговори или за промени на Парискиот договор или за сосема нов договор под услови што ќе бидат фер за САД, нивните бизниси, нивните работници, нивниот народ, нивните даночни обврзници“, рече Трамп денеска во Белата куќа.

Контроверзната одлука на американскиот претседател ги прави САД една од трите земји, покрај Сирија и Никарагва, кои се надвор од Договорот кој има за цел да ги ограничи емисиите на стакленички гасови во обидот за борба против климатските промени и зголемувањето на глобалните температури.

За време на претседателската кампања, Трамп вети дека ќе се повлече од договорот, велејќи дека тој е штетен за економските интереси на САД и за цената на работната сила.

Трамп се соочи со притисок од лидерите од сојузничките и од другите земји да се придржува до договорот потпишан од 194 други земји.

XS
SM
MD
LG