Достапни линкови

Трамп одлучи амбасадата во Израел засега да остане во Тел Авив


Американската амбасада во Тел Авив.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша одлука со која се одложува за шест месеци преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, соопшти Белата куќа. Тоа е направено за да се зголемат шансите за постигнување на мировен договор меѓу Израелците и Палестинците, се наведува во соопштението. Во него се додава дека одлуката не е повлекување од поддршката која Трамп ја дава на Израел.

Израелските власти изразија разочарување од одлуката. Од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопштија дека се разочарани што амбасадата нема да биде преместена. Тие наведуваат дека го ценат изразот на пријателство од претседателот Трамп.

Палестинските власти, пак, одлуката ја оценија како позитивен чекор. Според нив, тоа укажува дека САД се сериозни во врска со мировниот процес.

Статусот на Ерусалим е едно од најчувствителните прашања во израелско-палестинскиот конфликт.

Израел го анектираше Источен Ерусалим и го прогласи целиот град за своја престолнина. Палестинците пак сметаат дека источниот дел на градот треба да биде престолнина на нивната идна држава. Ерусалим никогаш не беше признат како главен град на Израел од меѓународната заедница, па повеќето земји имаат свои амбасади во Тел Авив.

За време на неговата претседателска кампања во 2016 година, Трамп вети дека ќе ги признае Ерусалим како главен град на Израел и ќе го пресели седиштето на амбасадата таму.

XS
SM
MD
LG