Достапни линкови

Дачиќ - Србија нема да го смени односот кон Русија


Српскиот мининистер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој е и вршител на должност премиер.

Новата српска Влада нема да го смени односот кон Русија, изјави денеска во Санкт Петербург српскиот мининистер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој е и вршител на должност премиер откако вчера Александар Вучиќ ја презеде претседателската функција.

„Сите знаеме дека Русија и Србија се пријателски земји и Србија нема да ја промени таквата политика, независно од тоа што ќе биде формирана нова влада, истакна Дачиќ за време на бизнис дијалогот „Русија - Србија: Перспективи на економската соработка во рамките на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Дачиќ додаде дека Србија ќе ја задржи воената неутралност и не планира членство во НАТО.

Шефот на српската дипломатија потенцира дека неприклучувањето на Србија на санкциите кон Русија е „прашање на морал“.

XS
SM
MD
LG