Достапни линкови

Груевски - ВМРО-ДПМНЕ е под оган, нападот на Тодоров не е случаен


Архивска фотографија - Никола Тодоров и Никола Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција изјави дека обидот за убиство на довчерашниот министер и вицепремиер Никола Тодоров бил со умисла. Тој вели дека нападот не дошол случајно, бил подготвуван, а за подгревањето на атмосферата што резултирала со вакви настани ги обвини СДСМ, Зоран Заев, и како што вели куп невладини организации финансирани од соросовите инсталации и, како што вели таканаречената Шарена револуција.

„Врз Тодоров и врз сите нас три години се фрлаат етикети, лажни обвинувања, се манипулира со се што работевме. Со лажни информации се создаваше хистерија и се користеа сите методи за наше оцрнување и прикажување со најцрно светло“, рече Груевски.

Случајот со Тодоров не е прв, вели Груевски, потсетувајќи на поставената бомба на имотот на родителите на пратеникот Антонијо Милошоски. Груевски изјави и дека пред неколку денови бил демолиран автомобилот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. А се пожали и дека тој и неговото семејство исто така се под јавна закана од како што вели повеќе страни.

„ВМРО-ДПМНЕ е под напад, под оган од сите страни и со сите средства. Ова е хајка и поттикнување на одмазднички акции“, вели Груевски.

XS
SM
MD
LG