Достапни линкови

Меркел - продолжува депортацијата на Авганистанци одбиени за азил


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека депортацијата на Авганистанци кои биле одбиени за азил во Германија ќе продолжи и покрај големиот бомбашки напад во Кабул оваа недела. Таа ова го изјави денеска, еден ден по нападот во дипломатскиот дел на Кабул во кој загинаа најмалку 90 луѓе, а повеќе од 400 беа повредени. По нападот, Германија одложи еден авионски лет со кој требаше да бидат депортирани одбиените баратели на азил од Авганистан. Меркел рече дека Берлин ќе продолжи внимателно да ја следи безбедносната ситуација во Авганистан пред да ги депортира одбиените азиланти. Во минатото, на Авганистанците чие барање за азил во Германија беше одбиено им беше дозволено да останат во Германија поради безбедносните закани во Авганистан, во последната година Берлин одлучи да прогласи делови од Авганистан за безбедни за враќање.

XS
SM
MD
LG