Достапни линкови

Министерот Спасовски апелира граѓаните да не ја земаат правдата во своите раце


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција најостро го осуди нападот со огнено оружје врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

„Без оглед на мотивите, огорченоста и причините за ваквиот напад, правото на живот на секој граѓанин е неприкосновено право“, вели министерот спасовски.

Тој изјави дека во изминатите години бил урнат системот на владеење на правото и правната држава, а групата партизација на институциите придонеле до тоа граѓаните да ја изгубат довербата и да бараат начини за постигнување на правдата.

Спасовски вели дека како министер за внатрешни работи го осудува сите кривични дела и секое нарушување на безбедноста на граѓаните и на државата. Тој вели дека ќе се преземат сите активности за враќање на довербата на граѓаните во МВР.

Министерот упати повик до граѓаните да не ја земаат правдата во своите раце.

Одговарајќи на прашања тој рече дека се уште размислува кој би го водел Бирото за јавна безбедност и би го наследил Митко Чавков, кој се посочува како директно виновен за насилството во Собрание . Што се однесува пак до извештајот на работната група за инцидентите во Собранието, министерот вели дека извештајот се уште не е готов.

XS
SM
MD
LG