Достапни линкови

Британскиот министер за Европа го честита изборот на новата Влада


Поранешниот премиер Емил Димитриев му ја предаде функцијата претседател на Владата на Република Македонија на премиерот Зоран Заев.

Британскиот министер за Европа Алан Данкан и честита на Македонија и на новиот премиер Зоран Заев за изборот на новата Влада и смета дека тоа е позитивен напредок по долготрајната политичка криза.

„И честитаме на Македонија за формирањето на новата Влада. Ова е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија и поширокиот регион. Ќе соработуваме со новата Влада во нејзиното работење да спроведе битни реформи, особено зајакнување на владеењето на правото и отчетноста и напредок во целта за побрза интеграција во евро-атлантските институции“, изјави Сер Алан Данкан.

XS
SM
MD
LG