Достапни линкови

Столтенберг му честитал на Заев


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг соопшти дека разговарал со премиерот Зоран Заев и му честитал за неговите нови одговорности. Во соопштението од Алијансата се наведува дека Столтенберг и Заев се согласиле за важноста итно да се спроведат потребните реформи, вклучително и доброто владеење и владеењето на правото.

„Од овие реформи ќе имаат корист сите граѓани на земјата и ќе ги унапредат евроатлантските аспирации. Земјите членки на НАТО имаат интерес од стабилна, демократска и просперитетна земја, како дел од стабилен Заден Балкан“, вели Столтенберг.

Понатаму се наведува дека како што Скопје ќе напредува, така НАТО ќе продолжи да обезбедува поддршка.

XS
SM
MD
LG