Достапни линкови

ЕУ ќе работи со владата и опозицијата за враќање на Македонија на европскиот пат


Мандаторот Зоран Заев се сретна со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во Брисел на 24 мај 2017

Ја поздравуваме новата влада предводена од премиерот Зоран Заев, се наведува во соопштението на еверо комесарот за надворешна политика Федерикиа Могерини.

Европската Унија е подготвена да работи со новата влада, како и со опозицијата, за да ги имплементира сите делови од договорот од Пржино и ургентните реформски приоритети, се наведува во соопштението во кое се додава и дека се очекува од парламентарните партии да ги остават разликите настрана и заеднички да работата врз реформите од кои корист ќе има целата земја.

Тоа, наведува Могерини, е клучно за земјата да се врати на европскиот интегративен пат, процес кој граѓаните го сакаат и заслужуваат.

XS
SM
MD
LG