Достапни линкови

Стејт департментот со честитки за новата македонска влада


Стејт департментот упати честитка по повод формирањето на новата македонска влада. Во неа се вели:

„Соединетите држави им честитаат на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство за формирањето на нова влада во Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД со нетрпение очекуваат да работат со новата влада за исполнување на евро-атлантските аспирации на земјата, за спроведување на итните реформи со кои ќе се зајакне владеењето на правото и независноста на судството, слободата на медиумите, и отчетноста на владата“.

XS
SM
MD
LG