Достапни линкови

Димитров: Ќе работам за интересите на Македонија


Министерство за надворешни работи во Скопје

„Ќе работам совесно и одговорно, ќе го почитувам Уставот и законите. За мене оваа Влада е Влада за спас на Македонија“, изјави новиот министер за надворешни работи Никола Димитров по преземањето на функцијата. Тој, најави дека ќе работи на пријателства, на добри односи со сите соседи притоа, како што рече, грижејќи се за интересите на Република Македонија. „Ќе работам да ги убедам и ЕУ и НАТО дека вратите треба да ги отворат, рече Димитров по изборот на новата Влада. Ова, додаде тој, е шанса и за регионот, меѓутоа и за самата Европа, ова треба да се искористи“. Одговарајќи на новинарски прашања во врска со спорот за името, Димитров рече дека тој ќе биде надминат со правење пријатели, а не со губење пријатели и не со давање дополнителни аргументи и олеснување на блокадата.

XS
SM
MD
LG