Достапни линкови

Се уште не е познато кој стои зад нападот во Кабул


По нападот со камион бомба во Кабул, 31.05.2017.

Ден по нападот со камион бомба во кој загинаа најмалку 90 луѓе, а над 350 беа ранети во дипломатскиот дел на Кабул, никој не ја има преземено одговорноста. Талибанските бунтовници во Авганистан ги отфрлија наводите дека го извршиле нападот, додавајќи дека тие осудуваат секаков акт во кој жртви се цивили. Од друга страна новинската агенција Ројтерс, цитирајќи извори од авганистанските разузнавачки служби, јавува дека постои сомневање оти зад нападот стоела терористичката мрежа Хакани која е поврзана со талибанците. Советот за безбедност на ОН го осуди нападот и побара од сите земји да соработуваат во откривањето на организаторите.

XS
SM
MD
LG